Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, попладне ветровито со умерен до засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала облачност, а и утре ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Утринските температури на места ќе се спуштаат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.