Сончево со умерена облачност и североисточен ветер

Денес во земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи помеѓу 9 и 17, а дневната ќе достигне од 26 до 36 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе достигне вредност 7.
Во Скопје и околината, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 16, а дневната 35 степени.
Продолжува периодот на стабилно, претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде посвежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. Во текот на идната недела ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.