Сончево со умерена облачност и температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во текот на наредните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, претежно во јужните делови ќе има повремени врнежи од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.