Сончево со умерена облачност и умерен ветер

Времето во земјава денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната од 21 до 28 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе изнесува 12, а дневната 24 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневната температура. Претежно ќе биде сончево и топло, со слаб ветер. Утринските температури ќе движат од 4 до 15 степени, а дневните од 22 до 31 степен.

Пронајдете не на следниве мрежи: