Повеќе возила се судриле утрово на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, објави „М-нет“.
Засега нема информации за состојбата на возачите и патниците.
Од видеото може да се види дека се судриле пет коли, а од коментарите на социјалните мрежи, граѓани велат дека на патот имало голомразица и колите се излизгале.
Од МВР сè уште нема информации за сообраќајната несреќа.



