Сообраќајни училишни единици

Во седум основни училишта во Скопје во организација на СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од денес ќе почне да се реализира проектот Сообраќајни училишни единици. Овој проект е замислен заради зголемување на безбедноста во соообраќајот, појаснија организаторите.
-Одделението за превенција при СВР Скопје, Општина Центар покрај реализацијата на многубројните инфраструктурни проекти наменети за пешаците, велосиопедистите и возачите на моторните возила, а со цел подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот особено на учениците во основните училишта, донесе одлука за формирање, односно организирање на училишни сообраќајни единици во рамки на сите седум основните училишта на подрачјето на општината, се истакнува во соопштението на организаторите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.