Сообраќајот по суви коловози, минирање на патот Радовиш-Штип

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Компанијата СТРАБАГ АГ на ден 27.07.2020 (понеделник) ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, или конкретно околу место викано Пилав Тепе во период од 11:00 до 15:00 часот.
ДПТУ Ескаватори известува дека од 23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 до 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза), при што ќе има изменет режим на сообраќај. За време на викендот, во сабота и недела во период од 10:30 до 11:00 часот и од 14:00 до 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила. За сите понатамошни активности ќе ве известуваме навремено.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.
Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.