Сообраќајот со умерен интензитет и по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.
Делницата Пршовце – Јегуновце поради изведување градежни работи (асфалтирање) ќе биде затворена за сообраќај до 11 мај годинава.
На регионалниот пат Лешок- Жилче-Шемшово, на потег од село Ратае- село Шемшово, секој работен ден и во саботите, од 10 мај до 31 мај годинава ЈП Македонијапат ќе изведува работи на пат (надоградба на коловозот). Ќе биде воспоставена забрана за сообраќај за тешки товарни возила додека останатиот сообраќај ќе се одвива по алтернативни патишта. На местата на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.