СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И ПОРАКА ДО МИЦКОВСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ

ДЕМОКРАТСКАТА ФРАКЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ му порачува на лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицковски денес да ја игнорира лидерската средба свикана од премиерот Зоран Заев. Онака како што премиерот работеше и досега, слободно може да си продолжи и понатаму без ВМРО ДПМНЕ. Ете му ги и доста му се коалиционите партнери и странските поддржувачи. Нашата партија и членство не смее да биде ставено во улога на соизвршител на сопственото обезличување.

ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија и не треба да потпаѓа под притисоците и уцените на капитулантите од владеачкото мнозинство. Законите неможат да служат и да се прилагодуваат на желбите и намерите на владеачкото мнозинство, туку треба да бидат во интерес на граѓаните на Републиката.
Исто така Фракцијата им препорачува на пратениците на ВМРО ДПМНЕ времено да го замрзнат своето учество во највисокиот законодавен дом, а СДСМ и ДУИ нека повелат и нека ги донесат сите измени и дополни на сите закони.
Видовме и трпевме еден таков лидер, премиер и диктатор во минатото, и нема повторно да дозволиме да имаме такви персони. Народот лесно ја дава довербата, ама знае мошне грубо да си ја врати власта повторно во свои раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.