недела, 22 ноември 2026
Најново

Сопругата му се закани: На Џорџ Клуни повеќе не му е дозволено да се бакнува со колешките на филм

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Џорџ Клуни разочара многу жени со една изјава, а се чини дека Амал е „виновна“ за сè…

Прославениот холивудски актер Џорџ Клуни (64) изјави дека „деновите на холивудскиот заводник се завршени“ и дека повеќе нема да снима сцени во кои бакнува други девојки. Тој ја донесе оваа одлука откако разговараше со својата сопруга Амал Клуни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во интервју за Дејли Меил, Џорџ беше повеќе од искрен, откривајќи дека неговите години едноставно ги исклучуваат таквите улоги.

„Кога наполнив 60 години, разговарав со сопругата и ѝ реков: „Види, сè уште можам да играм кошарка со момци, играм со луѓе кои имаат 25 години, сè уште сум во форма“. Но, за 25 години ќе имам 85 години, тоа е реална бројка без разлика на се“, рече актерот.

Неговата изјава ги растажи и разочара жените низ целиот свет, а Џорџ се сети и на една помалку пријатна ситуација од почетокот на неговата кариера.

„Се сеќавам на почетокот на мојата кариера морав да направам сцена со бакнување со девојка и режисерот рече: „Не е така“, а јас си реков: „Човече, така се бакнувам, така правам во реалниот живот“, изјави актерот за „Њујорк пост“.

Како и да е, ниедна актерка никогаш повеќе нема да добие шанса да го бакне Џорџ Клуни, а можеби сè е „вина“ на Амал, којзнае…