среда, 25 ноември 2026
Најново

Сопругата на Андреј од ДНК низ солзи: Ова е повик за правда, за ниедно семејство да не ја живее болката што ја живееме ние!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес зборуваме како луѓе кои загубија нешто што никогаш нема да се врати, трагедијата што се случи во Кочани може да му се случи на секој. Ова не е политички повик, ова е повик за правда и човечност, почитувани пратеници бараме да покренете надзорна расправа во надлежна комисија, како и да формирате анкетна комисија во Собранието, истакнаа пред Собранието Наталија Ѓорѓиевска, сопругата на починатиот Андреј од ДНК.

Семејствата на загинатите бараат да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кои институции задоцниле, не спречиле нешто што требаше да го спречат.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Ние останавме со сомнеж дека нешто остана сокриено, велат семејствата на загинатите кои бараат да се утврди и политичка и правна одговорност.

Низ солзи семејствата на загинатите бараат правда и гаранција дека уште едно семејство нема да ја преживее нивната болка.

Поврзани вести