Ема Хеминг Вилис сподели трогателно и интимно сведоштво за здравствената состојба на нејзиниот сопруг Брус Вилис во разговор со Камерон Роџерс во нејзиниот подкаст „Разговори со Кам“. Сопругата на славниот актер отворено проговори за тоа како тој се справува со фронтотемпоралната деменција (FTD) денес – и зошто всушност не е свесен за својата дијагноза.
На прашањето дали Брус разбира дека страда од сериозна невролошка болест, Хеминг одговори дека го смета своето однесување за сосема нормално.
„Тој не е во негирање“, објасни таа. „Тоа е начин на неговиот мозок да го заштити и да му помогне да се адаптира.“
Ема призна дека нејзиниот сопруг никогаш не ги „поврзал точките“ и сфатил дека има сериозна болест.
„Мислам дека тоа е и благослов и проклетство. Брус никогаш не паднал во таа состојба на свест, никогаш не сфатил дека ја има оваа болест“, рекла таа.
Таа додаде нешто што длабоко ги трогна многу слушатели:„Искрено, среќна сум поради тоа. Мило ми е што не знае.“
Патот до дијагнозата
Здравствените проблеми на Брус Вилис првпат станаа јавни во 2022 година, кога се повлече од глумата откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на способноста за зборување и разбирање на јазикот, поради оштетување на одредени делови од мозокот.
Една година подоцна, семејството објави дека му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
Фронтотемпоралната деменција е најчестата форма на деменција кај луѓе под 60 години, а симптомите вклучуваат промени во личноста, компулсивно однесување, губење на социјалните инхибиции и проблеми со говорот. Хеминг во подкастот нагласи дека Брус, за разлика од оние кои страдаат од Алцхајмерова болест, сè уште ги препознава луѓето околу него.
„Тој знае кои сме сите ние. Само треба да научите како да се прилагодите и да им пристапите таму каде што се во моментов“, рече таа.
Брак на работ пред да се открие вистината
Ема и Брус имаат три ќерки, а таа призна дека проблемите во комуникацијата за време на нивната 18-годишна врска долго време изгледале како брачна криза, а не како болест.
„За да дојдам до дијагнозата, морав да го заобиколам Брус“, рече таа искрено.
,,Ужасно е тешко да се знае каде започнала болеста и каде престанал да биде тој што е.“
Таа додаде дека веројатно никогаш нема да добие јасен одговор, но дека тоа е пат познат на многу парови:„Мислите дека вашиот брак се распаѓа, дури размислувате за развод, а потоа конечно добивате дијагноза – и одеднаш сè добива смисла“.
The post Сопругата на Брус Вилис ја откри шокантната вистина за неговото здравје: „Тој не знае…“ (фото) appeared first on Во Центар.



