Српската водителка Јована Јоксимовиќ веќе со години е дел од јавниот живот во Србија и ги буди граѓаните секое утро преку малите екрани.
Таа популарноста ја зацврсти и откако се запозна со пејачот Жељко Јоксимовиќ, но и по нивниот брак и раѓањето на нивните заеднички деца.
Денеска покрај тоа што и е именден на водителката таа сподели и убави спомени со Жељко од пред 8 години.
View this post on Instagram
8 godina od našeg prvog venčanja @zzeljko kao da je bilo juče ❤️❤️❤️love you
Имено на својот Инстаграм профил Јована сподели фотографија од нивниот брак.
-8 години од нашето прво венчавање, како да беше вчера. Те сакам, напиша таа.
За потсетување парот се венчаше во 2012 година на Малдивите, а две години подоцна се венчаа и во црква каде направија и голема гламурозна свадба.