Моза Бинт Насер, сопругата на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешниот емир на Катар, привлекува внимание со модните комбинации на Светското првенство во Катар.
Многумина ја нарекоа „модна икона на Светското првенство“, а „Гардијан“ ја опиша како „модерното лице на конзервативниот режим“ и „вистинскиот владетел на Катар“. Нејзината фасцинација со модата влијаела и на нејзините деловни одлуки. Во 2010 година, катарското кралско семејство ја купило култната стоковна куќа „Хародс“ во Лондон за 1,7 милијарди долари. Две години подоцна ја купиле италијанската модна куќа Валентино за повеќе од 857 милиони долари.
„Покрај тоа што е исклучително убава, таа е позната и по својата мирна природа и џентлменското однесување. Ме замоли да „поправам“ дел од алиштата што ги нарача. Сакаше да додадам долги ракави на едниот фустан. Другиот фустан имаше длабоко деколте па таа ме замоли да го покријам“, изјавил дизајнерот Виктор Џенк за магазинот „О Глобо“.
Моза Бинт Насер еднаш изјавила дека модата многу ја радува, а сите модни комбинации сама ги смислува и нема свој стилист.
Потсетуваме, 63-годишната сопруга привлече внимание на почетокот на Мундијалот во еднобојна комбинација на Прада. Медиумите нејзината модна комбинација ја опишаа како „елегантна и моќна“. Инаку, во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени на светот.
Моза Бинт Насер е најпозната по нејзината работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година, таа ја основа Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата.
Таа добила бројни меѓународни награди и голем број меѓународни почести.