Сопругата на Навални утре ќе присуствува на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ


Информацијата ја објави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на својот профил на Икс, посочувајќи дека министрите на ЕУ ќе испратат силна порака за поддршка на борците за слобода во Русија и му ќе оддадат почит на Алексеј Навални

Јулија Навални – сопругата на најистакнатиот руски опозиционер Алексеј Навални, кој почина во петокот во затворот во Сибир – утре ќе присуствува на седница на Советот за надворешни работи на Европската Унија.

Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/MARC MUELLER

Информацијата ја објави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на својот профил на Икс.

„Во понеделник ќе ја пречекам Јулија Навални на Советот за надворешни работи на Европската Унија. Министрите на ЕУ ќе испратат силна порака за поддршка на борците за слобода во Русија и му ќе оддадат почит на Алексеј Навални“,

напиша Борел во објава на социјалната мрежа Икс.

Сопругата на Навални во петокот присуствуваше на Минхенската безбедносна конференција од каде што повика рускиот претседател Владимир Путин да биде повикан на одговорност за смртта на неговиот најголем противник и опозициски лидер, Алексеј Навални.

Навални почина на 47-годишна возраст во затворот на крајниот север на Русија на 16 февруари. Веста за неговата смрт ја објави затворската служба, наведувајќи дека починал откако му се слошило по прошетка.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: