Сопругата на Синан не издржа и удри по синот на пејачот

Синот на Синан Сакиќ од првиот брак, Медо Сакиќ не се појави на погребот на својот татко бидејќи тој и пејачот не биле во добри односи, иако тој за медиумите тврдеше дека бил на погребот.
Но откако неговата изјава дека бил на погребот стигна до ушите на сопругата на пејачот, се огласи и таа велејќи дека тој не бил тука кога нај веќе му требал на Синан.
-Настана хаос поради неговото недоаѓање на погребот, сите ме прашуваат за тоа… Медо и Синан имаа таков однос каков што имаа и тој не го почитуваше пејачот до крајот на неговиот живот. Не беше тука и кога нај веќе му требаше, нема потреба сега да го почитува. Не го посетуваше кога беше болен, немаа ниту добра комуникација, вели низ солзи сопругата на пејачот кој почина на први јуни годинава по кратко боледување.

Таа додава дека повеќе не сака да го види во животот неговиот син.
-Додека Синан беше во болница тој ниту еднаш не се појави, а во една ситуација кога го прашав докторот дали бил тука Медо, тој ми рече беше, но на посета кај тетка му која лежела во истиот оддел. Многу сум лута бидејќи Синан не го заслужи тоа, вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.