Сопругата на извршителот на масовното убиство во Голема Иванча, Србија кој уби 13 лица и себе, обавила краток разговор со полицијата но се уште не може да се разоткрие мотивот за злосторот.„Јаворка Богдановиќ, сопругата на убиецот, не знае што се се случи. Не знае дека нејзиниот сопруг уби 13 луѓе и себе. Знае само дека пукал и во својата мајка Добрила. Поради тоа, инспекторите не се обиделе од неа добијат одговор кој би укажал на мотивот на злосторството“ велат од српската полиција.Во соработка со психијатар на Јаворка ќе и биде соопштено што точно се случило кобното утро.„Со неа беше разговарано само за личните односи со нејзиниот сопруг, Љубиша Богдановиќ. Рече дека кон неа бил понекогаш агресивен и некогаш и удирал шамари. Бил во постојана паника од сиромаштија. Затоа од нејзе и од синот, Бранко, кој е убиен, барал постојано да работат. Таа рекла дека некогаш се лутел на синот, кога нема да се разбуди во 5.30 часот за да ја нахрани стоката“ велат од српското МВР.Јаворка и понатаму е во Ургентниот центар каде се опоравува, откако нејзиниот сопруг пукаше и во нејзе.
МакфаксСопругата на извршителот на масовното убиство во Голема Иванча, Србија кој уби 13 лица и себе, обавила краток разговор