Помина повеќе од една недела откако беа пронајдени телата на Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и едно од нивните кучиња .Истрагата покажала дека Бетси починала околу една недела пред нејзиниот сопруг. Хекман, најверојатно поради напредната Алцхајмерова болест, не ни знаел дека е мртва, рече д-р Хедер Џерел, главен медицински истражувач.Иако причината за смртта на славниот пар сега и’ е позната на јавноста, секој нов детаљ покажува колку е збунувачка целата ситуација, а приказните за парот долеваат масло на огнот.Според извор за Дејли Мејл, 64-годишната Аракава сакала нејзиниот сопруг да живее што подолго, па го убедувала Хекман да се занимава со различни активности и покрај тоа што тој видно ослабнал, пренесува Дневник.хр.Поради оваа причина, таа го принудила да користи бастун додека се движи наоколу, иако е вообичаено луѓето на негова возраст да користат инвалидска количка. Исто така, по наговор на неговата сопруга, Хекман одел на јога и таи чи и правел вежби за постарите лица. Додека 95-годишниот Хекман бил љубител на слатки и брза храна, Аракава му готвела риба, зеленчук и црвено кари, со мисо супа и салата од ракчиња.Двојката живееше во Ново Мексико две децении, а Аракава чувствуваше дека тоа е одлично место за живеење поради духовниот вител во Санта Фе. Според некои тврдења, тоа е специфична локација на Земјата која има концентрирани количини на моќна духовна енергија.
Сопругата на Џин Хекман го натерала на екстремен режим! Не смеел да користи инвалидска количка, го ставила на строга диета: Ова е причината (фото)






