Сопружници се тепале и искршиле изнајмена вила на Маврово. Притворени се

Вчера (1 март) во 10 часот, во СВР Тетото пријавено е дека во викендица во Маврово, во која престојувале, сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години, меѓусебно физички се пресметувале, ја оштетиле внатрешноста на објектот, а задобиле и повеќе повреди, информира денеска полицијата.

Двете лица лишени се од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.