Сопственикот на Дурмо Турс за ТВ 24: Возачот рекол дека ја изгубил контролата

Морално се чувствуваме одговорни за она што се случи, вели во интервју за ТВ 24 Дурмиш Белили, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, чиј автобус во средата излета од патот Скопје- Тетово кај Ласкарци, при што во сообраќајната несреќа загинаа 14 патници, а 37 се повредени.
Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање, дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата.


-Веројатно станува збор за неговата здравствена состојба. Автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење, нема реакција на возачот, вели Белули за ТВ24.
Белули истакнува дека возачот тој ден не го пречекорил работното време согласно нормите што ги предвидува Законот. Возачот не пријавил дека боледува од нешто или има некоја здравствена причина поради која не смее да работи ги ги има сите неопходни документи – сертификат, возачка дозвола и лекарско уверение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.