Ако вашиот партнер има домашно милениче и навистина му дава внимание, тоа многу може да каже за неговата личност. Врз основа на различни анализи и истражувања, експертите заклучиле дека оние кои имаат домашни миленичиња имаат многу заеднички карактеристики:
Искрено љубат. Љубовта кон домашното милениче е доказ дека луѓето кои имаат домашно милениче имаат широко срце и се нежни и топли.
Не се плашат од преданост. Кој има куче или маче, научил да не се става себеси секогаш на прво место и без задршки се посветува на друго битие.
Верни се. Како што животните им покажуваат верност, така и тие им ја возвраќаат верноста во иста мера, но на тој начин откриваат и капацитет дека можат да бидат верни во врската.
Одговорни се. Домашните миленичиња не служат само за галење, затоа што сопственикот мора да ги почитува нивните потреби, па со самото тоа ја гради одговорноста како лична карактеристика.
Активни се. Тешко е да имаш куче ако не си подготвен да го шеташ, да трчкаш со него, да одиш во природа. Тоа покажува отсуство на пасивност во карактерот на сопственикот.