Сопственичката на „Групер“ е новата министерка за финансии

Нина Ангеловска, сопственичка на платформата Групер, ќе биде предложена за нова министерка за финансии, потврди вечерва премиерот Зоран Заев.
Нејзиното име ќе биде на листата кадровски решенија која тој утре ќе ја достави до Собранието.

На списокот ќе биде и кандидатката за заменичка министерка за образование, Елизабета Наумовска која доаѓа на испразнетото место по оставката на Петар Атанасов.
За нов заменик министер за економија пак, ќе биде предложен Кирил Колемишевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.