Состојбата на Пациентите во „Свети Наум Охридски“

Раководителот на клиниката „Свети Наум Охридски“, Небојша Настов, истакна дека во нивната институција се згрижени 29 пациенти на возраст од 17 до 45 години, од кои двајца се на респираторна поддршка. Според него, нивната состојба варира во текот на денот. „Пациентите со изгореници првично можат да изгледаат релативно добро, но поради повреди кои се незабележливи во почетокот, состојбата може да се влоши. Кога изгорениците се видливи, можеме да процениме како ќе тече процесот на лекување. Во моментов, двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца имаат потенцијал да завршат на респиратор во текот на денот. Се надеваме дека состојбата нема да се влоши, но мора да бидеме внимателни,“ изјави Настов. За пациентите се спроведуваат стандардни медицински интервенции за вакви видови повреди, вклучувајќи третман на изгорениците. „Во почеток не може да се утврди кое ткиво е непоправливо оштетено, па се прават секојдневни обвивки или на секои два дена за дополнителна проценка и интервенции. Процентот на изгореници кај пациентите варира од пет до 60 проценти, главно на главата, вратот и лицето, што укажува на можност за вдишување на гасови или пламен, па затоа е тешко да се предвиди колкумина ќе имаат потреба од респиратор“, додаде Настов. Некои пациенти страдаат и од други повреди кои се резултат на стампедо, како што се набиеници.
The post Состојбата на Пациентите во „Свети Наум Охридски“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: