Состојбата на Селин Дион се влошила, изгубила контрола над мускулите

Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува.

Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет Дион.

Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.Имено, Google изјави дека прашањето „Што е автосексуалност? беше најбараниот термин. …
Бритни Спирс го прослави Божиќ со синот: Го чекаше овој момент со години, емоциите ја совладаа (фото)
Пејачката Бритни Спирс повторно се соедини со својот најмлад син Џејден за време на божиќните празници – а ѕвездата сподели видео на Инстаграм во средата за да го одбележи големиот момент.Пејачката (43) која неодамна се врати во Мексико за нејзиниот роденден, …

„Таа нема контрола над нејзините мускули. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана и се грижеше за се. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави Клодет за 7Jours. „Точно е дека и во нашите соништа и во нејзините соништа целта е да се врати на сцената. Во каква форма? Не знам“, додаде таа.

Ретка невролошка болест

За потсетување, на Селин ѝ беше дијагностицирана ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, која предизвикува грчеви кои можат да бидат толку тешки што дури и ги скршуваат коските.

„За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот секојдневен живот. Понекогаш ми го отежнува одењето и не ми дозволува да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“, напиша Дион во текстот на Инстаграм во 2022 година, најавувајќи дека ќе ги одложи датумите на нејзината турнеја. .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.