Состојбата на Шумахер: Ништо не зборува, седи во инвалидска количка и плаче

Состојбата на Михаел Шумахер и натаму најверојатно е иста, ниту може да оди, ниту пак да зборува. Велиме најверојатно бидејќи неговото семејство се крие во голема тајност, од неговата здравствена состојба до местото каде што престојува.
Британски „Express“ денеска излезе со тажни вести.
-Според информациите кои ги имаме околу повредите со кои се здобил, Шумахер не може да оди, не може да зборува. Нивните извори тврдат дека може да искажува емоции. За целата домашна нега која некогашниот шампион на Формула 1 ја добива досега се потрошени 22 милиони евра, објавија тие.


Од друга страна пак еден француски магазин открива дека Шумахер често плаче.
„Кога ќе го ставиме во инвалидска количка свртен кон прекрасната панорама со поглед на езеро, тој плаче“, се зборовите на близок член на семејството.
И овие вести иако доаѓаат од блиски членови на семејството, сепак не се најсигурни.
Здравствената состојба на Шумахер и натаму останува непозната за јавноста и сите оние фанови кои постојано се молат за него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.