„Состојки“ на здрава врска

Овие 3 работи се прогласени како клучни за идеална, здрава, среќна и совршена врска.

Сѐ што треба да направите е да ја зачините врската со:

Хил: Нема најави за санкции кон српски НИС
Амбасадорот на Соединетите Држави во Србија Кристофер Хил изјави дека нема најави дека ќе бидат воведени санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руска сопственост. Тој за РТС изјави дека постои загриженост …
Русите започнуваат нова офанзива, се подготвува воздушен десант преку Дњепар
Русите не се откажуваат од плановите за офанзива на југот на Украина. Според изворите на украинскиот портал РБЦ, еден од најпопуларните во земјата, Москва планира да ги интензивира воените операции во регионите Запорожје …

Искреност

Мислите дека малата лага не може никому да наштети? Размислете уште еднаш, бидејќи таа е опасна исто колку и големата лага. Глумење оргазам, лажење дека ви се допаѓа ручекот, одите на пијалак со колегите, а кажувате дека ќе работите до доцна… сите овие ситници лошо ќе се одразат врз вашата врска. Зошто да лажете, кога можете да бидете искрени?

Комуникација

Клучната врска во среќната и идеална врска се токму разговорите. Без разлика, дали станува збор за некоја важна животна цел или за ситница, сепак разговарајте и дознајте си ги меѓусебните чувства. Секогаш бидете отворени и подготвени за разговор, но понекогаш не мора да си трошите зборови за да кажете нешто. Невербалната комуникација како масажа, будење со кафе или со галење ја докажувате почитта и љубовта.

Посветеност

Постојат безброј начини на кои можете да ја докажете својата посветеност и приврзаност кон саканата личност. Од запознавање со вашите родители, па сѐ до понудата за брак. На почетокот од врската, посветеноста се докажува преку времето одвоено за заеднички активности. Но, како што врската станува подлабока и поинтимна, морате да се жртвувате за да ја докажете својата посветеност, па немојте да се двоумите да им откажете некогаш на пријателите за да бидете со саканата. Верувајте, тие би го направиле истото кога нивната врска би била во прашање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.