СОС совети : Kако да избегнете отечено лице во менопаузата и што ќе ви помогне против утринската подуеност

Во менопаузата со хормоналните пореметувања кои се случуваат, не е невообичаено да се разбудите со отечено лице. Еве неколку начини како да го избегнете тоа.

Нема ништо полошо од будење со отечено лице. Освен хормоните, причина можат да бидат исхраната, дрогата, алкохолот, дури и генетските предиспозиции. За да ја спречите оваа непријатна појава, во продолжение неколку совети.

Миење со ладна вода
Ништо ново, но многу важно – студот го намалува отокот и го затегнува лицето. Затоа „skin-icing“ (ставањето мраз на лицето) станува нов тренд за убавина, кога зборуваме за нега против стареење, особено за брчките на лицето. Применувајте ја оваа техника секое утро по неколку минути.

Променете ја положбата на спиење
Ако се будите со отечено и збрчкано лице, многу е веројатно дека главната причина е спиењето на стомак. Обидете се да се навикнете да спиете на грб, или можеби на страна.

СОС совети : Kако да избегнете отечено лице во менопаузата и што ќе ви помогне против утринската подуеност

Пијте доволно вода
Треба да пиете најмалку 2 литри вода дневно за да избегнете отекување на лицето. Зелениот чај и кокосовата вода се исто така добри опции.

Променете ја вашата исхрана
Прво, започнете со ограничување на внесот на сол, тоа може да биде причината за задржување на водата. Потоа изберете храна која ја олеснува елиминацијата на токсините, како што се зелка или брокула, воопшто зеленчукот. И секако, со сето ова комбинирајте и физичка активност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.