сабота, 28 ноември 2026
Најново

Соученици фрлиле 14 годишно девојче низ прозор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Невиден инцидент се случил во основно училиште во Аеродром: Ученици фрлиле соученичка преку прозорец од училница. Четиринаесет годишно девојче преживеало хорор откако за време на одмор била малтретирана од соученици. Инцидентот, за кој денес информираше полиција кога истиот бил и пријавен од страна на таткото на девојчето, се случил во четвртокот.
-На 02.10.2018 година во 07.50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека на 28.09.2018 година во периодот од 10.30 до 11.00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја, стои во полицискиот билтен.
Од МВР посочуваат дека девојчето се здобило со телесни повреди и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани вести