Вестта за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри вистинската причина за неочекуваниот крај на љубовта.
– Бракот ми се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – изјавила таа.
- АХВ спроведе 62 вонредни контроли: повлечени новогодишни пакетчиња со поминат рокИнспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела- прочитај повеќе
- Никол Кидман фотографирана во необичен костим за капење! Сите се шокирани од тоа што носи на плажа – вакво издание на актерката досега не е виденоУбавата актерка Никол Кидман е фатена во необичен костим за- прочитај повеќе
- Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ: Како се празнува овој ден?Католиците ширум светот денеска го слават Бадник, ден пред Божиќ,- прочитај повеќе
- СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО СОБРАНИЕ: Никој нема да знае кој, за што и колку троши!Собранието денеска треба да ги разгледа на пленарна седница измените- прочитај повеќе
- Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, каква ќе биде 2025. ќе зависи од новата германска Влада и војната во УкраинаГерманија е наш најголем трговски партнер и секако кризата- прочитај повеќе
За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак , пишува Page Six.
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот – се наведува во заедничката изјава за медиумите.
Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата на „Модерно семејство“ на Бадник во 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат. Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: