недела, 29 ноември 2026
Најново

Сочна пита од јаболка со готови кори: Се топи в уста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Домашна пита со јаболка од готови кори. Еве како да направите домашна пита за само неколку минути. Ви го носиме наједноставниот рецепт.Состојки:500 г тенки кори за пита1 кг кисели јаболка4 лажици гриз или трошки4 лажици кафеав шеќер1 кесичка цимет2 кесички ванилин шеќерПрелив1 дл масло1 дл водаПодготовка: Во тенџере сварете вода и масло и ќе ги користиме за да ја прелиеме кората за да стане покрцкава по печењето, а и за полесно да се превиткува во штрудли. Во пакувањето обично има 12 кори, од кои можете да добиете 4 штрудли. Исчистете ги и изрендајте ги јаболката.Земете три кори за секоја штрудла, наросете ги корите со дресинг и редете ги една врз друга. На третата кора ставете ги ренданите јаболка без да го исцедите сокот на едниот крај, додадете шеќер, ставете 1 лажица гриз или трошки, малку цимет и половина кесичка ванилин шеќер.Направете штрудла и ставете ја во намастен плех. Кога ќе ставиме четири штрудли, наросете ги со дресинг и печете ги во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат. Извадете ги од рерна, покријте ги со сува крпа и оставете ги да се изладат. Исечете ја изладената пита на саканата големина и наросете ја со шеќер во прав со мирис на ванила/ арома или ванилин шеќер.

Поврзани вести