Сочна пролетна диета – Првиот чекор е: пазар!

Нема подобро време за збогатување на трпезата со зеленило од овој период од годината. По тешка, зимска храна, телото ќе ужива во природен и здрав зеленчук, без вишок калории.
Побарајте зелена салата, спанаќ, ротквица, млад кромид … Марулата, на пример, е богата со минерали – калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум, железо и траги од бакар. Надворешните лисја содржат 50 проценти витамини (провитамин А, витамин Ц, витамини Б1, Б2, Б6). Високото ниво на калиум во зелената салата помага во подобар метаболизам.
Сепак, не заборавајте во овој период од годината зеленчукот што го имаме во текот на целата година – моркови, праз, црвена, црна и лук. Јагоди веќе има, но барем додека не им „падне“ цената, зајакнете го имунитетот со цитруси, јаболка, банани и ореви.
А бел леб? Заменете го белиот леб со интегрално брашно или јадете интегрален ориз наместо леб.
Понеделник
Појадок: варени јајца, салата од свеж спанаќ и парче интегрален леб
Ужина: портокал
Ручек: компири со салата од блитва и ротквица
Вечера: риба на скара и зелена салата со ротквица
Вторник
Појадок: зелена салата со ситно сецкани ореви, бадеми и суво грозје, зачинети со масло, сол и сок од лимон
Ужина: две мандарини
Ручек: спанаќ на скара и бело пилешко
Вечера: пита со зелка и шолја јогурт
Среда
Појадок: изматени јајца со млад кромид, чаша кисело млеко и парче интегрален леб
Ручек: рибја супа со зелена салата
Вечера: парче проја и две стебленца млад кромид
Четврток
Појадок: пита со спанаќ
Ужина: банана
Ручек: кисела зелка со зелка
Вечера: сутлијаш од интегрален ориз со цимет
Ужина: исцеден портокал
Петок
Појадок: изматени јајца, шолја јогурт и парче леб од интегрално брашно
Ужина: јаболко
Ручек: пастрмка на скара со компир салата
Вечера: зелена салата со млад кромид и туна
Сабота
Појадок: изматени јајца со праз и ротквица
Ужина: банана
Ручек: салата од грав, пилешко, кромид и слатка пченка зачинета со масло и сок од лимон
Вечера: гибаница и зелена салата
Недела
Појадок: проја со спанаќ и шолја кефир
Ужина: исцеден портокал
Ручек: пастрмка на скара, динстани моркови и млад кромид
Вечера: домашна паштета од риба со салата од ситно исецкани ротквици и млад кромид, зачинет со павлака

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.