Турските пити и буреци со кори без сомнеж се најпопуларните, но постои варијанта за која тие не ви се потребни, а еднакво се вкусни.
Турската кујна е најпозната во светот по слатките колачи и популарните пити од месо или сирење, а оваа варијанта е многу поинтересна и изобилува со вкусни состојки, но е без кори.
Постојат многу рецепти за сочни турски пити, а оној којшто пред неколку години беше споделен на популарната платформа Јутјуб привлече најголемо внимание.
Состојки:
- 2 компири;
- 2 домари;
- 3 зелени пиперки;
- 2 млади кромитчиња;
- 4 јајца;
- 1 лажичка сол;
- 100 грама фета сирење;
- 1 чаша масло за јадење;
- 1,5 чаши млеко;
- 3,5 шолји брашно;
- 2 ќесички прашок за печиво;
- рендано сирење.
Подготовка:
1.Исечкајте ги на коцки компирите, доматот, зелената пиперка и младиот кромид.
2.Излупете го доматот, па изрендајте го.
3.Изматете ги јајцата, па додадете им го зеленчукот, сечканото сирење, млекото и маслото за јадење. Посолете и додадете уште сол по желба, па сè добро помешајте.
4.На крај постепено додавајте брашно, помешано со прашок за печиво со непрекинато мешање за да не ви останат грутки.
5.Ставете ја смесата во калап за печење, подмачкан или обложен со хартија за печење, па печете околу половина час во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.
Пријатно јадење!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.