УКРАИНА ДОСЕГА ДОБИЛА 120 МИЛИЈАРДИ ВО ОРУЖЈЕ И ПОМОШ ОД ЗАПАД

„Максимална возможна“ воена помош за Украина, ветија синоќа на заедничка прес-конференција во Вашингтон американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на Алијансата – Јенс Столтенберг, истовремено повикувајќи и Шведска и Финска итно да добијат членство во НАТО.

„НАТО партнерите стојат заедно како никогаш досега“, изјави Столтенберг во врска со руската агресија во Украина.

Тој подвлече дека сојузниците досега на Украина ѝ дале вкупно 120 милијарди долари воена, хуманитарна и финансиска помош.

Притоа, Столтенберг ја истакна важноста на САД во „решавањето на овој конфликт“ и ѝ се заблагодари на администрацијата на Бајден за претходно објавениот пакет дополнителна безбедносна помош за Украина.

„Ако светот не се обедини и му дозволи на Путин да го прави она што го прави, тогаш како последица ќе платиме многу повисока цена“, повтори уште еднаш Столтенберг.

„Путин направи стратешка грешка. Тој ја потцени способноста на Украина да се спротивстави и на земјите од Европа – да се обединат“, додаде тој.

Блинкен потсети на пред два денаобјавените нови пакети помош за Украина со критично важни средства за противвоздушна одбрана и средства за заштита од иранските беспилотни летала користени од Русија.

Тој вети дека помошта и понатаму ќе пристига, во форма на оклопни возила, противтенковски ракети „Џавелин“ и ракети за ракетните лансери „ХИМАРС“.

Блинкен изрази надеж дека на крајот конфликтот ќе се разреши на маса, со преговори, но најдобар начин да се забрза патот кон реална дипломатија, рече, е да се продолжи со промена на ситуацијата на военото поле во полза на Украина.

„Војната почната од претседателот Путин продолжува да биде стратешки колапс. Тој не успеа да ја симне од власт демократски избраната влада на Украина. Не успеа да ја спои Украина со Русија и да ја скрши волјата на нејзиниот народ. Тој ги загуби битките за Киев, Харков и Херсон. Неговата војска трпи шокантни загуби“, додаде Блинкен.

Пронајдете не на следниве мрежи: