сабота, 28 ноември 2026
Најново

Сојузниците од Алијансата ќе испратат повеќе ПВО системи во Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај



ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сојузниците од НАТО ќе и дадат на Украина повеќе системи за противвоздушна одбрана, соопшти денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг, по кризниот состанок, организиран преку видеоврска, со министрите за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

-НАТО ги мапираше постоечките капацитети во земјите на Алијансата што може да и се дадат на Украина, рече Столтенберг на прес-конференција по состанокот, пренесе германската агенција.

Генералниот секретар на Алијансата, исто така, напомена дека „неколку сојузници презеле конкретни обврски“ да испратат дополнително оружје за противвоздушна одбрана за Украина.

Украина е загрижена дали може да ја одржи линијата на фронтот против зголемениот руски воен притисок.

Зеленски пред состанокот кажа дека во последните недели Русија, во воздушни напади, ги уништи речиси сите термоенергетски планови на Украина.

– Реклама –

Поврзани вести