Со автомобил удрила во дрво

Утрово во 07.45 часот тешка сообраќајна несреќа се случи на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево. Патничко возило “Рено Меган“ со охридски регистарски ознаки удрило во дрво. Полицијата информира дека возилото управувано од 37-годишната Т.Ш. од Охрид, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата “Св.Еразмо“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.