Возач на автомобил вчера удрил во дете во близина на студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, по што избегал од местото на несреќата. Се работи за дванаесетгодишно момче кое добило полесни повреди на ногата. Детето било пренесено во комплексот клиники Мајка Тереза Скопје за да му биде пружена лекарска помош. Полицијата извршила увид на местото и трага по возачот.