Со “Ауди“ удрил во 20-годишна девојка и тешко ја повредил

Синоќа во 23:20 часот во село Пепелиште, неготинско, патничко возило “Ауди“, управувано од К.Д. (18) од село Пепелиште удрило во пешакот С.А. (20) од село Пепелиште. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здраствениот дом во Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино. Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: