Жителите на Неа Ангалос и регионот на Волос од вчера стравуваат за своите животи, бидејќи пожарите беснеат во оваа област на Грција. Ситуацијата денеска стана уште полоша, бидејќи магацинот за воена муниција, лоциран во областа Карамба, експлодираше нешто пред 18:00 часот по локално време.
Добивај вести на вибер
Континуираните експлозии ги искршиле прозорците на бројни згради во непосредната и подалечната околина, а ударниот бран кој стигнал до Волос принудил многу жители во паника да ги напуштат домовите.
Случајните минувачи, кои го снимале пожарот кој беснее во близина на Неа Ангалос, случајно го снимиле моментот на експлозијата.
Во драматичното видео можете да се види како прво се слуша мала експлозија, а потоа се почнало да се тресе и огромна огнена печурка пука кон небото.
Беше наредена итна евакуација на областа, па мајките со бебиња во раце во чамци избегаа на отворено море за да си ги спасат животите.
Како што пренесуваат медиумите, жителите на Стоупи, Веланидија, Маратос, Критарија, Сорос, Криси Акти Панагија и Агиос Георгиос биле известени да ги евакуираат населбите и да се упатат кон Волос.