,,Со болка во душата и грутка во грлото” Ди Марија објави вест која ќе ги растажи Аргентинците: Се збогувам со најубавото

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија ќе ја напушти репрезентацијата по Копа Америка во 2024 година, соопшти денеска тој.

„ Со болка во душата и грутка во грлото се збогувам со најубавото нешто што ми се случи во кариерата “, напиша Ди Марија на Инстаграм.

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва?
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, …
ПРЕСВРТ | Maкедонија ја затвора Агенцијата за нуклеарна технологија
Ако не сте знаеле, од 2010 година во Македонија постои Агенцијата за нуклеарна технологија. Но таа наскоро ќе се затвори. Две комисии во …
ИГРИ СО СТАТИСТИКИТЕ: Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
За 550 денари се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 …
На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик
За првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме …

Копа Америка во која Аргентина ќе ја брани титулата ќе се игра од 20 јуни до 14 јули 2024 година.

„ Тоа ќе биде последен пат да го носам дресот на Аргентина “, додаде 35-годишниот играч на Бенфика од Лисабон.

Ди Марија играше и за Росарио, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Париз Сент Жермен и Јувентус.

Во националниот дрес одигра 134 натпревари и постигна 29 голови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.