Таа е единствениот зеленчук за чие варење организмот троши повеќе калории отколку што самиот содржи, па тогаш воопшто не чудно што ако јадете брокула, дури и во големи количини, ќе изгубите неколку килограми за само две седмици.
Брокулата спаѓа во групата на зеленчуци до “негативни калории“, односно содржи значитено помалку калории отколку што нашиот организам троши за да ја свари. Тоа, пак, значи дека може да ја јадете во количини кои ќе ве заситат, а сепак да слабеете. Доколку ја јадете како прилог со месо значително ќе го намали и бројот на неговите калории. Сепак, внимавајте со какво месо ја јадете, пилешкото има најмалку калории.Во 100 г брокула има само 30 калории, па затоа речиси секоја диета со брокула е успешна. Заменете го појадокот со омлет со брокула, за ручек јадете супа од брокула, а за вечера киш со брокула.
Омлет со брокула
Обарете 250 г цветови брокула, исцедете ги и ставете ги во сад. Додадете 2 изматените јајца и 100 мл млеко, промешајте и испржете го омлетот на маслиново масло.
Супа од брокула
Во 1 литар супа од зеленчукова коцка додадете ½ главица исечкан кромид, 300 г цветови брокула, и по 1 исечкана пиперка, домат и морков. Варете ја супата додека зеленчукот не омекне.
Киш со брокула
Ситно исечкајте 500 г брокула, обарете ја и исцедете ја. Две исечкани млади кромитчиња испржете со 250 г исечкани шампињони, и зачинете. Во сад со жица изматете 4 јајца, додадете ги печурките со кромид, брокулата и 100 г рендан кашкавал, и промешајте.
Нанесете ја смесата во тава прекриена со хартија, и печете 20-тина минути на 200 степени.Секако дека ова не треба да ви биде дневно мени и во текот на целиот ден да јадете само брокула. Доволно е еден од оброците да замените со некој од овие рецепти и многу брзо ќе ги согледате резултатите. Нама да чувствувате глад, а за две седмици ќе изгубите неколку килограми.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.