Со години страдаше од депресија, дури после 50 години ја пронајде својата среќа и мир

Таа беше на врвот на музичката сцена и една од најплатените музички ѕвезди. Но, Џенет Џексон (52) откри дека не била среќна сè до неодамна. Вели дека се борела и со депресија и дека на моменти депресијата била навистина интензивна.
“Во 40 – те сè уште слушав гласови кои ми говореа дека не сум доволно добра, кои ја преиспитуваат мојата вредност. Знам дека тоа им се случува на многу жени. Среќата постојано ми бегаше и лесно ќе паднев во очај доколу работите не се одвиваа онака како што очекував јас”, рекла Џенет во новото интервју.


Таа вели дека се борела и со депресија и дека на моменти депресијата била навистина интензивна.
“Ниската самодоверба може да се поврзи со чувството на инфериорност во детството. Со чувство дека никогаш не си ги задоволил високите стандарди. Секако, тука се сексизмот и расизмот. Среќа, пронајдов начин да излезам од тоа”, вели Џенет која минатата година го роди првото дете Ејс.
Дури откако се породи, таа ја пронашла својата среќа и мир, иако набрзо после неговото раѓање се разведи од неговиот татко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.