Полскиот шампион Килеце е последната пречка која стои пред ракометарите на Металург на патот до Келн, каде ќе се одигра завршниот турнир во Лигата на шампиони. Во најавата за првиот, од двата четвртфинални натпревари, кои ќе се одигра во Скопје, предводникот на Металург, Лино Червар, смета дека полскиот шампион е апсолутен фаворит, но тоа не значи неговиот тим ќе се предаде без борба. Металург.„Таму играат петмина ракометари на кои им бев тренер, го имаат најдобриот играч на Словенија, имаат еден Србин, Швеѓанец, таму игра најдобриот играч на Полска, секако дека се фаворити. Но, убавината на спортот е во тоа што не победува секогаш фаворитот. Киелце на секоја позиција има по двајца квалитетни играчи“, рече на прес конференцијата Червар, кој напомна дека неговите играчи треба да се фокусираат само на првиот натпревар и воопшто да не размислуваат за реваншот во Полска.Двете екипи добро се познаваат, бидејќи одиграа две средби во фазата по групи – во Ц групата Киелце победи на двете пресметки, 23:21 во Скопје и 21:20 во Киелце.„Ги загубивме тие две средби, но сметам дека не се посрамивме, туку дека заслуживме многу повеќе. Токму поради тие две добро одиграни средби имаме надеж дека можеме да направиме чекор напред и да забележиме победа. Сепак овие две средби ќе бидат многу поразлични од тие кои ги одигравме во фазата по групи, бидејќи влогот е голем, а можност за исправки нема, екипата која загуби нема да оди на Фајнал Фоур“, рече тренерот на Металург.Според стратегот на Металург доколку сакаат позитивен резултат неговите играчи не смеат да се надигруваат со противникот и дека одбраната ќе го решава победникот.„За да одиграме добра одбрана во недела ќе ни требаат две срца, едно нема да биде доволно. Ќе играме две одбрани 6-0 и комбинирана зона 5+1 и 5-1. Во нападот мора да играме паметно, трпеливо и без технички грешки, нападите не треба да се завршуваат брзо. И она што е најважно мислам дека треба да го насочиме натпреварот на што помал број погодоци, доколку успееме во тоа значи дека сме успеале да го наметнеме својот стил на игра. Киелце не може да се добие со игра која би му дозволила на неговите ракометари да ги покажат сите свои квалитети“, рече Червар.Она што охрабрува пред значајниот меч е и здравствениот билтен, сите играчи ќе бидат во составот на тимот – Миркуловски во средата одигра 15 минути против Пролет, Маркоски во четврток започнува да тренира со максимален капацитет, Мојсовски има проблеми со коленото кои не се премногу сериозни.Првиот четвртфинален натпревар во ракометната Лига на шампиони помеѓу Металург и Киелце ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“ в недела со почеток во 17 часот. Играчите на полскиот шампион во Скопје ќе пристигнат в сабота некаде околу 14 часот, а истиот ден во 19 часот ќе имаат тренинг.Билетите за овој натпревар се распродадени, а Киелце во Скопје ќе има поддршка од 175 свои навивачи.
MакфаксПолскиот шампион Килеце е последната пречка која стои пред ракометарите на Металург на патот до Келн, каде ќе се одигр