Со “Голф“ удрил и повредил 10 пешаци

Еден потешко и девет полесно повредени е билансот од сообраќајната незгода на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61- годишник од Мала Речица со автомобил влетал и удрил во 10 пешаци.
СВР Тетово информира дека во 13 часот и 30 минути 61-годишниот М.Ј. од Мала Речица управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 10 пешаци. Се работи за А.В.(75) од Јажинце, И.З.(76) од Непроштено, Џ.А.(58) од Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Останатите девет пешаци завршиле со полесни повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.