Идентитетот на загинатите во авионската несреќа што се случи завчера во близина на Солунска Глава и во која загина четиричлено бугарско семејство ќе се утврдува со ДНК-тест.
Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов во изјава за медиумите информирал дека за потребите на експертизата ќе бидат земени примероци од блиски роднини на загинатите, бидејќи телата биле јагленосани и не можат да се идентификуваат на друг начин, пренесе бугарската БГНЕС.
-За да се забрза целата процедура роднините на семејството ќе треба да отпатуваат во Северна Македонија, истакна Маринов. Тој, исто така, додаде дека Бугарија ќе помогне со се што е потребно за да се намали нивната болка.