Со „ЕУ појадок“ СЕП ќе го одбележи 9 Мај, Денот на Европа

Денес во знак на одбележување на 9 Мај, Денот на Европа Секретаријатот за европски прашања ќе  организира „ЕУ појадок“.
На настанот што СЕП традиционално го организира се очекува учество да земат амбасадорите на земјите членки на ЕУ, амбасадорите на земјите од Западен Балкан, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и претставници од граѓанските организации.
Според соопштението на СЕП, на настанот ќе се обратат вицепремиерот Бујар Османи, евроамасадорот Самуел Жбогар, а се очекува кусо обраќање пред амбасадорите да има и новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.