„Со крвави раце парите ги броите“: Во Прилеп марш во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Вчера во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од пожарот кој се случи минатата недела.

На транспарентните можеше да се прочита „Мртвите најгласно молчат“, „Со крвави раце парите ги броите“, како и стихови од песни меѓу кои и стихот на Архангел „Купен мир и тишина, пострашни од војна“.

Според организаторите на маршот, Прилеп и вечерва „покажал солидарност истакнувајќи заедништво, емпатија и гласно сведоштво дека не смее да има заборав“.

Пронајдете не на следниве мрежи: