Со „молотов коктел“ од мотор во движење запалиле мерцедес

Со „молотов коктел“ од мотор во движење запалиле мерцедес

На 19.04.2020 година околу 04,30 часот добиена е дојава за опожарено патничко мотороно возило на ул. “Алпи“. По излегување на лице место од страна на полициски службеници од ПС Чаир констатирано е дека се работи за возило марка  “мерцедес Е430“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.Ф.(25) од Скопје, кое што околу 03,00 часот било паркирано таму од страна на лицетоА.Б. (27). Тој навел дека околу 04,20 часот забележал две лица на мотоцикл како фрлаат молотов коктел кон возилото, при што тоа било опожарено во предниот дел кај моторот и инсталацијата. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.