Со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, Македонците ќе можат да одат на море во Црна Гора

Црна Гора ги отвора границите за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, почнувајќи од утрешниот ден изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугоша. Тој вели дека состојбата со коронавирусот во земјата е во фаза на локална трасмисија, но е целосно контролирана.

Мугоша најави дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји. Најверојатно ќе се бара негативен ПЦР или серолошки ЕЛЕСА тест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.