Неколку дена откако радовишкото МВР доби компјутер од градоначалникот Конзулов сајбер криминалот во градот е скоро уништен. Ова е уште еден пример за успешна соработка на полицијата и локалната самоуправа.
„Уапсивме осум лажни профили на територија на Општина Радовиш и тие се приведени во локалната полициска станица каде што се утврдува нивниот идентитет. Тие се користени за пишување на коментари „bravo ministre“, „car ste“ и ставање на лајкови на слики од зелници“ стои во соопштението на МВР.
Основниот суд во Радовиш им одреди 30 дена нелајкање и забрана за пишување коментари.