Со нож убиени четворица полицајци во полициската станица во Париз

Напаѓач вооружен со нож влетал во полициска станица во центарот на Париз, во близина на катедралата “Нотр Дам“ и убил четворица полицајци. Според првичните информации напаѓачот е убиен, а мотивите за нападот не се познати.
Напаѓачот бил вработен во полициска станица, а до нападот дошло по расправија, изјавиле полициски извори за француските медиуми. Засега се смета дека напаѓачот работел во администрацијата на Префектурната полиција за разузнавање (DRPP).
Центарот на француската метропола е целосно блокиран од антитерористички единици хеликоптери.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.